
Синоќа беа одиграни првите две реванш средби од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Барселона успеа да се пласира во полуфиналето од ова натпреварување и покрај поразот што го запишаа.
Победата од 4:0 во првата утакмица синоќа се покажа како недостижна за Борусија Дортмунд, така што пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите го оствари екипата на Барселона.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Три гола за домашниот тим синоќа постигна Серху Гираси, но автоголот што го постигна Рами Бенсебаини значеше дека тимот од Германија има тежок зададено да ја извади Барселона.
И покрај обезбеденото полуфинале, навивачите на Барселона се ужаснати од играта на Роналд Араухо, најмногу поради реакцијата кај третиот гол на Гираси.
Каталонците се фрустрирани од играта на Уругваецот и сите се сеќаваат на црвениот картон што го доби минатата година во Лигата на шампионите против Париз Сен-Жермен.
По мечот, навивачите го окупираа неговиот Инстаграм профил и му оставија многу непристојни коментари.
„Не си повеќе оној стариот Араухо. Во големите натпревари ја помагаш противничката екипа.“
„Еден од најлошите дефанзивци на Барселона некогаш.“
„Зошто немаш самодоверба во големите утакмици?“
Фото: Барселона/ФБ