Дома Фудбал Навивач втрча на теренот и се упати кон Модриќ: Сакаше да направи само една работа (Видео)

Навивач втрча на теренот и се упати кон Модриќ: Сакаше да направи само една работа (Видео)

Сега веќе легендарниот Лука Модриќ ги игра своите последни натпревари во дресот на Реал Мадрид, кој го напушта по завршувањето на Светското клупско првенство и се сели во редовите на Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Модриќ уште еднаш покажа каков е мајстор и на натпреварот против Салцбург, воодушеви со играта во триумфот на Реал со резултат 3:0.

Реал така обезбеди пласман во нокаут фазата на Светското клупско првенство каде во осминафиналето ги чека дуел со Јувентус.

Ќе видиме дали натпреварот против Јувентус ќе биде последниот за Модриќ во дресот на Реал или „Кралевите” ќе продолжат понатаму на Светското клупско првенство.

Модриќ е голема ѕвезда, тоа на сите им е јасно, а најдобриот показател за тоа беше по натпреварот против Салцбург.

Еден од навивачите искористи невнимание на редарите и истрча на теренот. Веднаш се упати кон Модриќ и сакаше да го прегрне хрватскиот репрезентативец.

Модриќ беше изненаден, а навивачот беше на крај спречен од страна на обезбедувањето кое истрча на теренот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо има две барања за да се врати во Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО (63) е во центарот на вниманието како потенцијален нов тренер на Реал Мадрид, …