
Натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Клиперс во еден момент се претвори во вистински хаос – и тоа во моментот кога Никола Јокиќ играше натпревар на животот!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српската ѕвезда постигна 55 поени во победата на својот тим со резултат 130:116, но двобојот во „Интуит Домот” беше обележан и со инцидент со навивач кој влета на теренот.
Играчите беа збунети и почнаа да се повлекуваат, меѓу нив и самиот Јокиќ, кој во еден момент на видео снимката се гледа како се повлекува на страна – избегнувајќи било каков контакт.
За среќа, обезбедувањето реагираше навреме, мажот брзо беше совладан и отстранет од паркетот, а Јокиќ кратко потоа излезе од теренот.
.This fan ran on the floor during the Nuggets vs. Clippers game & started evading the security. 🤣💀
— Hoop Central (@TheHoopCentral) November 13, 2025
pic.twitter.com/tiN6HyUVjA