Дома Фудбал Наскоро и официјално: Рим добива свој Ибрахимовиќ!

Наскоро и официјално: Рим добива свој Ибрахимовиќ!

Лацио доби ново засилување за продолжение на сезоната.

Станува збор за Аријон Ибрахимовиќ, младиот офанзивен фудбалер на Баерн кој доаѓа на позајмица.

Овој млад германски фудбалер не играше официјални натпревари за Баерн оваа сезона, доби шанса само на пријателски мечеви, а во Лацио би требало да добие простор за игра.

Младиот Ибрахимовиќ ќе биде на позајмица до крајот на сезоната, Лацио ќе ја покрие целата негова плата, а на крајот на сезоната ќе одлучат дали ќе го откупат од Бајерн.

Цената ќе биде помеѓу 8 и 10 милиони евра, а доколку одлучат да го задржат во Рим, Ибрахимовиќ ќе потпише договор на три години.

Наскоро ќе биде и официјално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчини: Италија мора да изгради тим, нема светски ѕвезди

Роберто Манчини истакна дека Италија нема светски фудбалери и мора да се фокусира на тимск…