За летниот преоден рок, Манчестер Јунајтед постави приоритет да го зајакне нападот, бидејќи не се целосно задоволни од играта на Расмус Хојлунд.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На листата на најпосакувани засилувања се наоѓа Виктор Осимен. Тој моментално игра како позајмен играч во Галатасарај, а на лето ќе биде достапен за трансфер по цена од 80 милиони евра.
Од друга страна, Наполи има интерес да го продаде својот играч, но истовремено е и силно заинтересиран за услугите на Расмус Хојлунд.
Затоа, според медиумите, е можно двата клуба да договорат размена. Манчестер Јунајтед би ја завршил трансакцијата со доплата за да го добие Осимен.