Дома Фудбал Наполи доби големо „не“: Конте има само една опција!

Наполи доби големо „не“: Конте има само една опција!

Наполи го продаде Хвича Кварацхелија на Пари Сен Жермен и бара замена за него, но тоа ќе биде тешко да се најде.

Јасно е дека фудбалерот од Грузија беше исклучително важно за тимот на Антонио Конте и дека практично е незаменлив, а како играчи кои би можеле да бидат неговата замена се споменуваа Карим Адејеми и Алехандро Гарначо.

Првиот му рече „не“ на Антонио Конте, не сака во Наполи, неговата цел е да остане во Дортмунд барем до лето и тогаш да ги разгледа сите опции.

Од друга страна, единствената преостаната опција е Алехандро Гарначо, но Јунајтед не попушта кога станува збор за цената за овој Аргентинец, бараат цели 65 милиони евра.

Наполи нема да оди над 55 милиони евра и повеќе би останал без крилен играч до крајот на сезоната отколку да потроши толку многу пари.

Цената за Аргентинецот нема да се намали така лесно бидејќи и Челси е заинтересиран…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Наполи мора на операција на срце!

Играчот за врска на Наполи, Скот Мектоминај, ќе биде подложен на хируршка интервенција зар…