Дома Фудбал Напнатост во Реал: Белингам и Рудигер се фатија за гуша

Напнатост во Реал: Белингам и Рудигер се фатија за гуша

Реал Мадрид се подготвува за реваншот во среда од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал. Европскиот шампион го загуби првиот натпревар со 3:0.

Со секое изминато деноноќие, напнатоста во Мадрид расте во очекување на реваншот со “топчиите”. Во емисијата El Chiringuito de Jugones, која се емитува на LaSexta, новинарот Еду Агире откри дека на петочниот тренинг на Реал, Џуд Белингам и Антонио Рудиґер биле на работ од тепачка.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


“Имаше остар спор меѓу нив, како резултат на напнатоста. Слични работи се случуваат во сите тимови од време на време, но сега ова ја истакнува атмосферата во која се наоѓаат играчите”, коментираше Агире.

Тој спомена дека инцидентот се случил “за време на двостраната игра, кога биле доволни само едно лесно закачување, една навреда и двајцата играчи се скарале и било потребно да бидат раздвоени.”

Инцидентот не ескалирал благодарение на интервенцијата на нивните соиграчи, па на крајот Белингам и Рудиґер си стиснале раце. Повторувам, ова се работи што се случуваат на тренинг и овој случај покажува колку е напнато во соблекувалната на Реал Мадрид.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…