Дома Фудбал Наместо химната на ЛШ ја пуштија на Лига Европа: Реакцијата на фудбалерите стана хит (Видео)

Наместо химната на ЛШ ја пуштија на Лига Европа: Реакцијата на фудбалерите стана хит (Видео)

ПСЖ на драматичен начин ја елиминираше Астон Вила во четвртфиналето од Лигата на шампионите. На првиот натпревар на Паркот на принцовите домаќините победија 3:1. По помалку од половина час од реваншот, предноста е удвоена затоа што ПСЖ на „Вила Парк“ водеа 2:0. Сепак, Вила во следните половина час направи голем пресврт и водеше 3:2.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Им недостасуваше само еден гол за продолженија и ќе го имаа ако голманот на ПСЖ Џанлуиџи Донарума не бранеше чудесно. Натпреварот заврши со победа 3:2 за англискиот тим, но недоволно за надоместување на поразот од првиот натпревар, па ПСЖ продолжи во полуфиналето.

Двата натпревари беа полни со атрактивни потези, а од реваншот вирулентна стана сцената што се случи непосредно пред натпреварот. Се работеше за бизарен пропуст на домаќините. На стадионот „Вила Парк“ пред звучниците, наместо химната на Лигата на шампионите, ја пуштија химната на Лига Европа.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус загуби од Фиорентина и само ќе сонува за ЛШ!

Екипата на Јувентус претрпе тежок пораз со 0:2 од Фиорентина во натпревар од 37-то коло на…