Дома Фудбал Најлошата сезона на Манчестер јунајтед во историјата на Премиер лигата

Најлошата сезона на Манчестер јунајтед во историјата на Премиер лигата

Повеќе не е важно што Манчестер јунајтед ќе направи до крајот на сезоната, ова ќе биде нивната најлоша сезона во историјата на Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Црвените ѓаволи можат да ја завршат сезоната со најмногу 56 поени, два поени помалку отколку што изнесуваше негативниот рекорд на клубот (сезона 2021/22).

Јунајтед ги има уште натпреварите со Вулверхемптон, Борнмут, Брентфорд, Вест Хем, Челси и Астон Вила.

Оваа сезона нема да биде најлоша само според бројот на освоени поени, туку веројатно и според конечниот пласман. Во своите десет најлоши сезони во Премиер лигата, Јунајтед никогаш не завршил под осмото место.

Поразот од Њукасл беше 115-ти од 2013-та по заминувањето на Алекс Фергусон. За 26 години, колку што Фергусон го водеше тимот, Јунајтед доживеа 114 лигашки порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија на колена: Силекс го освои Купот на Македонија

Фудбалерите на Силекс триумфираа против Шкендија со 1-0 во финалето на Купот на Македонија…