Дома Фудбал Најдобриот стрелец на Серија А го шокираше фудбалскиот свет со трансферот!

Најдобриот стрелец на Серија А го шокираше фудбалскиот свет со трансферот!

Според извештаите од Италија, саудискиот клуб Ал-Кадсија постигна договор со Аталанта за трансферот на италијанскиот репрезентативец Матео Ретеги за сума од 70 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ретеги ќе стане втората најскапа продажба во историјата на Аталанта, веднаш зад Расмус Хојлунд, кој го напушти Бергамо за да се приклучи на Манчестер Јунајтед во трансфер вреден 75 милиони евра летото 2023 година.

Италијанските медиуми откриваат и детали од договорот помеѓу Ретеги и Ал-Кадсија, според кои тој би требало да заработи дури 20 милиони евра по сезона.

Дваесет и шестгодишниот напаѓач се приклучи на Аталанта само минатото лето, во трансфер што Аталанта ја чинеше 28 милиони евра, кога пристигна од Џенова.

Сезоната 2024/25 ја заврши како „Капоканониере“ со 25 гола во 36 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер не завршува со Џонс како засилување, сакаат и крило на Арсенал!

Интер има за цел да остане на самото врв на Италија, но и напад на Лигата на шампионите, и…