Дома Останати Тенис Надал откри за што жали најмногу откако ја заврши кариерата

Надал откри за што жали најмногу откако ја заврши кариерата

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал неодамна ја заврши кариерата, а сега откри за што најмногу жали.

Надал истакна дека единствено жали што никогаш не го освоил Завршниот мастерс.

„Се разбира дека би сакал да имам освоено еден Завршен мастерс. Тоа е веројатно единствениот важен турнир што никогаш не сум го освоил. Таква е судбината“, вели Надал.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Додаде дека немал среќа на тие турнири.

– Малку немав ни среќа затоа што на крајот од сезоната често не бев во најдобра физичка форма, многупати со повреди“, вели Надал. На крајот истакна дека му пречело тоа што често се менувала основната подлога на тие натпревари.

„Имав и многу тешки противници пред мене, играв цела кариера завршни мастерси на затворени брзи терени, бетон“, додава тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кирјос за Синер: Не губи титули, не губи пари, тажно за тенисот

Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради користење допинг. Првиот рекет на светот ќе…