Дома Останати Тенис Надал го „стресе“ светот на тенисот: Синер не е единствен кој се допингувал

Надал го „стресе“ светот на тенисот: Синер не е единствен кој се допингувал

Поранешниот тренер и чичко на Рафаел Надал, Тони Надал, јавно застана во одбрана на италијанскиот тенисер Јаник Синер по допинг-скандалот што ја потресе тениската сцена.

Контроверзниот шпански стратег повторно предизвика реакции во јавноста, откако изјави дека Синер не е единствениот тенисер кој се соочува со вакви проблеми.

„Навистина сум изненаден што некои играчи му свртеа грб на Синер, дури и оние од самиот врв на светскиот тенис, иако не можам да кажам дека сите тие се целосно чисти. Јас лично го познавам Јаник и убеден сум дека немал намера да направи нешто незаконско. Не е фер кон него да биде осудуван за нешто што можеби било ненамерна грешка, а не свесен обид за предност“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ објави голема вест, се враќа на омилено место

Најдобриот македонски тенисер Новак Ѓоковиќ соопшти дека ќе учествува на АТП турнирот од с…