Дома Останати Тенис Надал денес го игра можеби последниот меч во кариерата!

Надал денес го игра можеби последниот меч во кариерата!

Во Малага, Шпанија денеска започнува завршниот турнир во Дејвис Купот кој е во центарот на вниманието поради збогувањето на Рафаел Надал.

Надал пред два месеци најави дека со настапот во Дејвис Купот ќе се збогува од професионалниот тенис, а останува да видиме дали денес мечот помеѓу Холандија и Шпанија ќе биде негов последен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Идеално збогување не постои, тоа го има само во американските филмови, го сфатив тоа пред многу време. Но, не сум загрижен, збогувањето ќе биде такво какво што ќе биде“, изјави Надал

Надал во кариерата четири пати го освојуваше овој турнир, а освои уште 22 гренслем трофеи, 36 пехари од Мастерс турнирите и вкупно 92 титули.

Шпанеот денеска ја отвора денешната програма против Ван дер Зандшулп, со надеж дека ќе стигне до позитивен резултат и ќе ја продолжи кариерата уште малку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неочекувано: Алкараз направи потег со кој ги изненади своите навивачи (Фото)

Карлос Алкараз повторно ги изненади сите! Имено, шампионот на Ју-Ес опен повторно ја проме…