Дома Фудбал На Мундијалот „леташе орли“, па затоа сега во Белград го очекува – пекол!

На Мундијалот „леташе орли“, па затоа сега во Белград го очекува – пекол!

Вчера во Монте Карло беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на шампионите во која ќе учествува и поранешниот европски шампион (1991), клубот од соседството Црвена Звезда.

Топчињата сакаа Звезда да добие пеколно тешка група, ПСЖ, Ливерпул и Наполи. Секако, Србите нема да заборават дека во Ливерпул игра човекот кој жестоко ги провоцираше во текот на Мундијалот со „летање орли“ – Џердан Шаќири!

Ќе потсетиме, Шаќири голот за Швајцарија во натпреварот против Србија како и Гранит Џака го прослави со албанскиот симбол, а тоа секако ја разгневи јавноста во Србија.

Голем број навивачи на Звезда преку Твитер веќе започнаа да најавуваат што ќе го очекува Шаќири во Белград.

Веројатно не може ниту да замислиме што би се случило доколку Шаќири среде Белград постигне гол и ја повтори контроверзната прослава…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…