Дома Фудбал На барање на Мареска: Челзи го врати дефанзивецот кој го пушти на позајмица

На барање на Мареска: Челзи го врати дефанзивецот кој го пушти на позајмица

Фудбалскиот клуб Челзи одлучи да ја активира клаузулата и да го врати Тревој Чалоба од Кристал Палас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради бројни проблеми во одбраната, Енцо Мареска побара од управата на клубот да го врати Чалоба од соседството.

Чалоба кон крајот на летниот трансфер период премина на позајмица во Кристал Палас, но Челзи ја задржа опцијата да го врати во текот на сезоната, што сега и го направи.

Чалоба ќе биде важно решение во ротацијата, откако Весли Фофана доби нова тешка повреда, надвор се и Беноа Бадијашил, додека Аксел Дисаси е на излезната врата на “Стемфорд Бриџ” оваа зима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина легендарниот Кевин Киган

Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул и поранешен менаџер на Њукасл и Англија, Кевин…