Дома Фудбал Италија Mихајловиќ: На Мурињо во Рома му треба тим, големите играчи прават големи тренери

Mихајловиќ: На Мурињо во Рома му треба тим, големите играчи прават големи тренери

Mурињо на 19. Април доби отказ во Тотенхем, а во вторникот беше објавено дека од наредната сезона ќе ја води Рома.

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ денес процени дека ќе му биде тешко во Рома, но дека неговото враќање е добро за италијанскиот фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Среќен сум што се враќа, тоа е добро за италијанскиот фудбал. Тој има харизма и карактер, а работата во Рома е предизвик за него. Ќе видиме како ќе му оди. Него му е потребен тим затоа што големите играчи прават големи тренери. Рома заслужува пофалби затоа што никој не очекуваше вакво нешто“, изјави Михајловиќ за италијанските медиуми.

Во Италија Мурињо работеше од 2008 до 2010 година во Интер со кој освои две титули во Серија А, Лига на шампиони, Куп на Италија и Суперкуп на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…