Дома Македонски спорт Mилс за трансферот на Алиоски: Некогаш треба да мислите и на вашето семејство

Mилс за трансферот на Алиоски: Некогаш треба да мислите и на вашето семејство

Eзгјан Алиоски од неодамна е нов фудбалер на Ал-Ахли, а сега трансферот го коментираше поранешниот англиски фудбалер Дани Милс кој денес дава свое мислење за случувањата во англискиот фудбал.

Алиоски го напушти Лидс после четири години и се пресели во Суадиска Арабија. Милс е свесен дека Алиоски иам 29 години и дека ова била негова последна шанса за подолг договор со добра работа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Алиоски направи трансфер за пари, едноставно е. Ова беше негова последна шанса за голем договор, кога ќе наполниш 31 или 32 години добиваш едногогодишен договор и мора да се докажуваш. Ова беше негова последна шанса за добри пари.

„Лесно е луѓето од страна да кажат зошто го правиш тоа. Некогаш мора да мислиш и на семејството. Ако некој за вашата работа ви понуди плата трипати поголема за работа во Саудиска Арабија не верувам дека многу луѓе тоа ќе го одбијат“, изјави Милс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …