Селекторот на нашата младинска фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски ја превзема одговорноста од вчерашниот шокатнен пораз од Гибралтар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Избраниците на Милевски вчера загубија минимално со 1:0 во натпреварот во кои беа огромни фаворити во рамките од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во 2019 година.
„Нема оправдување за овој срамен резултат, одговорноста е моја. Искрено жалам и упатувам извинување до целата јавност и навивачите, како и на Фудбалската федерација која ни ги обезбеди потребните услови за работа“, изјави Милевски.
За Гибралтар ова беше прва победа во квалификациите.