Дома Трансфер зона Mилан сака нов стопер: „Росонерите“ имаат две мети од Премиер лигата

Mилан сака нов стопер: „Росонерите“ имаат две мети од Премиер лигата

Eкипата на Милан е во потрага по квалитетен стопер кој ќе биде конкуренција на Ромањоли и Кјаер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мусакио се повреди минатата сезона и изгледа уште едолго нема да биде на теренот. Тука е младиот Матео Габија, меѓутоа тренерот Пиоли сака уште еден дефанзивец кој ќе донесе искуство и квалитет. Ако се случи да останат без нов стопер тимот може да се најде во проблем доколку дојде до некоја нова повреда.

Лео Дуарте од Фламенго не се снајде, а и тој имаше проблем. Италијанските медиуми пишуваат дека Милан би можел да доведе некој од Рудигер и Крис Смолинг.

Рудигер е отпишан во Челзи (повеќе за тоа тука), а освен тоа како и Смолинг има искуство во Серија А. Двајцата беа дел од Рома, Рудигер нешто порано, а Смолинг минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…