Дома Трансфер зона Mилан работи на два фронта – покрај борбата за Скудетото го договори и првото засилување!

Mилан работи на два фронта – покрај борбата за Скудетото го договори и првото засилување!

Додека трае борбата за Скудетото во Серија А, Милан работи и на засилувања во одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Посебно чувствително е местото во одбраната, а како што тврдат италијанските медиуми изборот на „росонерите“ е Свен Ботман. Фабрицио Романо пренсува дека Милан е многу блиску до договор со Лил за купување на 22-годишниот млад репрезентативец на Холандија.

Ботман така ќе биде првото летно засилување за Милан, фудбалерот веќе е спремен да ја прифати понудата од Милано и целата работа насоро ќе биде завршена.

Дефанзивецот се проценува на 30 милиони евра, толкава сума бараат и Французите. Засега не е познато дали Милан ќе плати толку или нешто помалку.

Во актуелната сезона Ботман одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…