Баерн Минхен и Џамил Мусијала постигнале договор за продолжување на договорот и младиот Германец наскоро треба да стави потпис.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
21-годишниот Мусијала се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа и за него силен интерес покажуваат многу клубови, пред се Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Сити и Барселона.
Мусијала има договор со Баварците со 2026 година, но Баерн сака што побрзо да ја продолжи соработката со својот „бисер“.
Имено, Баерн му понудил договор со кој Мусијала ќе стане најплатен фудбалер во тимот и воопшто во Бундеслигата, па наскоро се очекува потпис.