Дома Фудбал Мурињо би можел да добие отказ во Фенербахче: Му се заканува казна до 10 натпревари.

Мурињо би можел да добие отказ во Фенербахче: Му се заканува казна до 10 натпревари.

Суспензијата би можела да достигне до 10 натпревари, а до крајот на турското првенство остануваат уште осум кола. Фенербахче е на второто место со шест бода помалку од водечкиот Галатасарај, но и имаат еден натпревар помалку

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Жозе Мурињо повторно се најде во центарот на вниманието поради инцидент во кој беше протагонист. Португалецот го фати тренерот на Галатасарај Окан Бурук за нос, а сега се соочува со можност за голема казна. Турскиот новинар Озгур Санџар, кој пишува за шпански Ас, смета дека Мурињо би можел да добие отказ!

“Последиците од нападот на Мурињо врз колегата би можеле, освен суспензија, да значат и крај на неговата авантура во Истанбул. Според извори од Фенербахче, дел од управата бара да му даде отказ на Мурињо, бидејќи го сметаат за неприфатливо неговото однесување и дека штети на имиџот на клубот.”

Турскиот великан пред себе има голема препрека да го направи тоа.

“Мурињо има договор до летото следната година. Доколку сега добие отказ, Фенербахче ќе мора да му исплати околу 40 милиони евра. Завршниот збор ќе го има претседателот на клубот Али Коч. Во секој случај, Мурињо во Турција го очекува тешко време. Врвот на Фенербахче во наредните денови ќе реши за неговата судбина”, заклучи Турчинот во текстот.

Суспензијата би можела да достигне до 10 натпревари, а до крајот на турското првенство остануваат уште осум кола. Фенербахче е на второто место со шест бода помалку од водечкиот Галатасарај, но и имаат еден натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер…