Дома Фудбал Страшна сцена во Италија: Гром удри на тренингот на Фиорентина, фудбалери се срушија на теренот (Видео)

Страшна сцена во Италија: Гром удри на тренингот на Фиорентина, фудбалери се срушија на теренот (Видео)

Нeколкупати сме имале можност да видиме ситуации кога натпревари или спортски настани на отворено се прекинуваат доколку постои опасност од громови.

Новото видео кое доаѓа од Италија, а кое е снимено за време на тренинг на една од младинските селекции на Фиорентина, најдобро покажува зошто е така.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Mладите фудбалери на Фиорентина до 18 години тренираа кога одеднаш гром удри на теренот.

Громот удри во дел од теренот во близина на кој во тој момент се наоѓаше поголемиот дел од играчите, а некои од нив веднаш паднаа на тревата.

На крајот се заврши без посериозни последици, што навистина е голема среќа имајќи во предвид како обично завршуваат вакви ситуации. 

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ на прагот на трансфер во Арсенал

Арсенал активно бара врвен напаѓач, а првата цел на тренерот Артета е талентираниот Душан …