
Во последните пет сезони, Никола Јокиќ три пати ја освои титулата за МВП на НБА лигата и продолжува да доминира на кошаркарската сцена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новинарот Тим Бонтемпс спровел многу интересна анкета, а убедлив победник бил Никола Јокиќ.
Имено, во анкетата учествувале 20 лица, меѓу кои тренери, скаути и челници на НБА тимови.
Прашањето било кратко, јасно и многу едноставно – кој е најдобриот играч на НБА лигата.
Дури 19 од 20 лица рекле дека тоа е Никола Јокиќ, додека само еден од нив го споменал името на Лука Дончиќ.
Минатосезонскиот МВП, Шај Гилџоус-Александер, не добил ниту еден глас.
„Сè додека чекори и дише, најдобриот играч е Јокиќ“, наводно рекол еден од челниците на тимовите на кои им било поставено споменатото прашање. Мнозина биле изненадени од фактот што Дончиќ добил само еден глас, бидејќи многумина го сметаат за најдобар играч во лигата.
Сепак, Јокиќ очигледно за големо мнозинство е убедливо најдобриот играч на НБА лигата.