Дома Трансфер зона Moнца на Берлускони има големи планови – преговара со играчи на Аталанта, Рома и Интер!

Moнца на Берлускони има големи планови – преговара со играчи на Аталанта, Рома и Интер!

Монца конечно по 40 години во Серија Б успеа да дојде до Серија А.

Комбинацијата Галијани-Берлускони повторно ќе ја гледаме во најсилната конкуренција во Италија. Секако, приоритет е да се избегне експресно враќање во Серија Б, но старите лисици сакаат и повеќе од тоа. Медиумите во Италија пренесуваат дека тие веќе започнале преговори со играчи на Аталанта, Интер и Наполи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Една од желбите е младиот италијански репрезентативец Матео Песина кој немаше толку успешна сезона. Во изминатата сезона тој постигна еден гол и запиша една асистенција на 27 натпревари во Серија А. Неговата цена се проценува на околу 20 милиони евра.

Монца го сака и Пинамонти од Интер. 23-годишникот се враќа од уште една позајмица. Минатата сезона играше во дресот на Емполи каде на 36 натпревари постигна 13 гола. Интер од друга страна гледа кон враќањето на Лукаку, па така јасно е дека и следната сезона нема да има место за младиот Италијанец.

Ел Шарави и претходно се поврзуваше со Монца, „Фараонот“ е миленик на Берлускони, а кај Мурињо не е избор за првите 11 и затоа може да се очекуваат успешни преговори. Како и да е во Монца сигурно се очекува возбудлив преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…