Дома Топ вести Moдриќ и Валверде жестоко критикувани од навивачите на Реал Мадрид поради Меси

Moдриќ и Валверде жестоко критикувани од навивачите на Реал Мадрид поради Меси

Лионел Меси вчера беше прогласен за најдобар фудбалер во светот во изборот на ФИФА.

Во тесна трка Меси го победи Ерлинг Халанд кој освои еднаков број на бодови како и Меси. Победикот го одлучија гласовите на капитените, а Аргентинецот доби повеќе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 Помеѓу одлучувачките гласови беше и оној на Лука Модриќ кој поради тоа се најде на удар на навивачите на Реал Мадрид.

Модриќ покрај Меси гласаше уште за Родри од Манчестер Сити и сонародникот Марсело Брозовиќ, нив двајца ги смести на втората и третата позиција зад Аргентинецот.

Својот глас Модриќ го даде како капитен на Хрватска, а исто така за Меси гласал и Федерико Валверде кој е капитен на Урургвај. Двајцата се жестоко критикувани од навивачите. Дел од фановите бараат дури и Модриќ да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Поради вакви работи фудбалот е посебен: По 110 години повторно го освоија купот во својата земја!

Екипата на Ројал Унион третпат во својата историја успеа да го освои Купот на Белгија, но …