Регионалниот лидер во приредување игри на среќа стана спонзор на Македонската Покер Унија
Страсните покер играчи сонуваат да се најдат на големи турнири, а нивната цел е секако да ја освојат главната награда. Македонија годинава е домаќин на најголемиот настан – Светско првенство во Match покер, каде што ќе настапува и нашата репрезентација! „Ветар во грб“ на репрезентативците им даде компанијата Mozzart со спонзорството за Покер Унијата.
Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓
На петтото светско првенство, кое од 23 мај се одржува во Гевгелија, нашите претставници ќе ги одмерат силите и знаењето со некои од фаворитите како Германија, Ирска, како и Украина која е актуелен шампион.
„Охрабрувачки е да се види растот на Match покерот во Македонија, бидејќи сезоната на националната лига беше многу успешна. Благодарност до компанијата „Mozzart“, која тоа го препозна и не поддржа. Нашите очекувања се големи и посакуваме медал на ова светско првенство“, изјавија од Македонската Покер екипа која ќе не претставува на светското првенство.
Четири дена, од 23 до 27 мај, игрите ќе обезбедат физичката и менталната издржливост да се тестираат заедно со вештината и стратегијата за Match покер натпреварите, создавајќи навистина заслужен светски шампион.