Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Наумче Мојсовски денес го прими освојувачот на сребро од Олимписките игри, Дејан Георгиевски, заедно со неговиот тим.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мојсовски истакна дека успехот на Георгиевски треба да не прави сите горди.
„Посебно ми е драго што тука е Дејан Георгиевски кој во Скопје донесе сребро од Токио. Сребро, вредно како злато. Дејан, беше истраен и храбар со почит кон противниците, во само неколку часа победи неколкукратни шампиони. Чести ми е што Македонија имаше спортска делегација која даде се од себе. Во оваа прилика сакам да ги поздравам сите наши претставници во Токио и да им посакам успех и во понатамошните кариери. Спортот конечно добива место и внимание“, изјави Мојсовски.
Главниот пречек на Георгиевски ќе биде вечерва на скопскиот плоштад од 19:30 часот.