Дома Фудбал Моис Кин се сруши на терен, имал повреда на мозокот

Моис Кин се сруши на терен, имал повреда на мозокот

Фудбалерот на Фиорентина, Моис Кин, колабираше за време на натпреварот со Верона.

Нападот на Фиорентина започна кога стоперот Копола го турна Кин, а при падот, тој со главата удри на коленото на Давидович.

Иако Кин претрпе сериозна повреда со крвава рана, откако доби помош од медицинскиот тим, му беше дозволено да се врати на натпреварот. Но, по само неколку моменти, повторно ја изгуби рамнотежата и се сруши на тревникот.

Фиорентина потврди дека фудбалерот има трауматска повреда на мозокот, но неговата состојба е стабилна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Митрески предлага дуел со Русија, но договорен натпревар нема

Игор Митрески сака враќање на Русија во меѓународниот фудбал и предлага пријателска средба…