Дома Фудбал Модриќ oрганизирал вечера за фудбалерите на Реал во својата вила, една од најголемите ѕвезди на тимот не била повикана

Модриќ oрганизирал вечера за фудбалерите на Реал во својата вила, една од најголемите ѕвезди на тимот не била повикана

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, според шпанските медиуми, организирал вечера во својот дом за сите играчи на Реал, непосредно пред завршницата на сезоната во Примера!

„Кралевите“ во недела попладне ги чека Ел Класико со Барселона и мораат да победат ако сакаат да останат во трка за освојување на титулата, а поради тоа Модриќ одлучи да го собере тимот за да ја обноват меѓусебната доверба..

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меѓутоа, на таа вечера, како што тврди “Дон Балон”, немало место за Бразилецот Винисиус Жуниор, еден од најдобрите играчи на клубот. Причината е што Вини наводно има лоши односи со поголемиот дел од тимот и играчите му замеруваат за лош став, егоизам и токсично однесување.

Се додава и дека и Модриќ наводно ги разладил односите со него, а не го поканиле ни останатите затоа што едноставно повеќе не му веруваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дочека: Ветеранот Варди го постигна првенецот во Серија А! (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Варди вечерва го постигна неговиот прв гол во …