Дома Фудбал Модриќ: Не тагувај што заврши, радувај се што траеше

Модриќ: Не тагувај што заврши, радувај се што траеше

Лука Модриќ синоќа се прости од Реал Мадрид во победата над Сосиедад со 2:0 во последното, 38. коло на Ла лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Дојде моментот кој никогаш не го посакував, но тоа беше долго, преубаво патување. Прво, сакам да му се заблагодарам на клубот, на претседателот Флорентино Перез. Благодарен сум на сите тренери со кои работев низ годините, соиграчите и сите луѓе кои ми помагаа. Ви благодарам од срце. Секако, и на моето семејство“, изјави Модриќ.

Хрватскиот фудбалер освои шест титули во Лигата на шампионите, пет пати стана светски клубски првак, а го освои и УЕФА Суперкупот, Суперкупот на Шпанија, четири пати Ла Лига и двапати Купот на кралот.

„Освоивме многу нешта, доживеавме неверојатни моменти. Ми ја дававте вашата љубов сите овие години. Нема зборови со кои можам да ја изразам мојата благодарност за сè што ми дадовте“..

На крајот, кажа реченица која му се допаѓа.

„Не тагувај што заврши, радувај се што траеше. Да живее мадридското семејство, и ништо повеќе“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Необчна ситуацијана СП: За прв пат домаќинот ќе игра во нокаут фазата надвор од своите граници

Репрезентацијата на Канада првпат во историјата се квалификуваше за нокаут фазата на Светс…