
Лука Модриќ по 13 години го напушта Реал Мадрид, а неговиот последен настап за „кралскиот“ клуб ќе биде на Светското клупско првенство што ќе се одржи во САД.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред патувањето во Америка, Модриќ имал краток разговор со претседателот на клубот, Флорентино Перез, а според шпанскиот медиум „Дефенса Централ“, на тој состанок му дал и конкретен предлог за тоа кој би можел да го наследи.
„Тој е најдоброто засилување за средниот ред, претседателе“, му рекол Модриќ на Перез, мислејќи на Витиња, португалскиот репрезентативец кој оваа сезона во дресот на ПСЖ прикажа значителен напредок и стана клучен играч во тимот на Луис Енрике.
Клубот веќе ги донесе Дин Хујсен и Трент Александер-Арнолд во одбраната, како и Франко Мастантуоно за офанзивата, а потрагата по нови засилувања во средниот ред продолжува.