
Тој беше таму повеќе од деценија. Освои сè што можеше да се освои со Реал Мадрид и беше човекот што ја прекина ерата на Меси и Роналдо во освојувањето Златни топки. Лукa Модриќ летово го напушти Реал Мадрид и премина во Милан, а сега е решено кој ќе го наследи неговиот број 10 на „Сантијаго Бернабеу“ стадионот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако се раширија гласини дека Арда Гулер и Килијан Мбапе се борат за носење на бројот 10, вториот со гордост објави дека го има освоено бројот.
Конкретно, француската ѕвезда објави кратка порака на социјалните мрежи во која објави дека тој е новиот сопственик на бројот 10.
Така, Мбапе, после само една сезона, се откажа од бројот 9 и ќе го наследи Лукa Модриќ.
Фото: Принтскрин