Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Moрата се пожали: После натпреварот со Полска не можев за заспијам девет часа

Moрата се пожали: После натпреварот со Полска не можев за заспијам девет часа

Напаѓачот на Шпанија, Алваро Мората на три дена пред натпреварот против Хрватска во осминафиналето откри дека добива навреди и закани поради промашувањата на ЕП.

Мората сега раскажа како се чувствува, а најтешко му паѓаат заканите кон неговото семејство.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„После натпреварот со Полска не можев да заспијам девет часа. Добив толку многу закани и навреди за членови на моето семејство, во пораките кои ги добивам се посакува смрт на моите деца…Но сега сум добро. Можеби пред неколку години би бил уништен, поминав малку врееме изолиран од сите и тоа ми помага“.

„Можеби на ЕП не играм онака како што се очекуваше. Сфаќам да ме критикуваат затоа што не постигнав гол, но сакам луѓето да се стават и во моја позиција. Немаат поим како да се добиваат такви пораки…Кога ќе се случи некоја трагедија сите ќе кажат: „Беше добар човек“…Секогаш кога ќе влезам во дома телефонот го ставам на другиот крај на просторијата. Најмногу ми пречи тоа што се зборува за мојата жена и моите деца“, изјави Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…