Наполи сезонава го освои Скудетото во Италија на кое клубот чекаше цели 33 години уште од времето на Марадона, но изненадувачки по крајот на сезоната тренерот Лучијано Спалети си замина.
Сега газдата Аурелио Де Лаурентис е во потрага по негов наследник. Според последните информации кои ги пренесува „Ил Матино“, една од опциите е Зинедин Зидан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зидан го одби Пари Сен Жермен, но наводно заинтересиран е да се врати на тренерската работа, засега не е познато дали Наполи има се што е потребно за да го убеди Французинот да го прифати предизвцикот.
Како играч Зидан во Италија помина пет години во Јувентус, кој е еден од најголемите ривали на Наполи, но тоа нема да биде проблем ако започне да реди добри резултати.
Меѓутоа поради тоа ривалство Зидан би можел да ја одбие понудата и тоа е можно ако се знае дека ПСЖ го одби поради неговата љубов кон Олимпик Марсеј.