Јувентус во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа го победи Баер Леверкузен со 2:0, а во овој натпревар посебно се истакна стоперот Мерих Демирал.
За турскиот 21 годишен стопер тоа беше само втор настап за Јувентус каде што пристигна од Сасуоло за 18 милиони евра. Демирал беше одличен и во квалификациите за Турција со која обезбеди пласман на Европското првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Одличните игри за репрезентацијата го привлекоа интересот на Атлтико Мадрид, но подолго време неговите настапи ги следат Јунајтед и Арсенал кои го сакаа уште летото. Демирал е ретко брз стопер, има неверојарен тајминг, одлично ја чита играта и доминира во дуелите. Во Јувентус сезонава тешко доаѓа до минути покрај Бонучи и Де Лихт, Киелини се повреди уште на стартот од сезоната.
Демирал имаше и одличен припремен период во текот на летото. Дел од навивачите се убедени дека треба да добива поголема минутажа, посебно затоа што Де Лихт покажа несигурност во повеќе ситуации. И покрај тоа што малку играше за Јувентус неговата цена веќе порасна на 40 милиони евра.
Демира е дете на Фенербахче, но на само 18 години направи трансфер во португалски Алканесе. Потоа го зема Спортинг, таму не се снајде па тој клуб минатиот јануари го продаде на Аланајспор. Аланјаспор веднаш го позајми на Сасуоло кој го откупи неговиот договор на 1. јули за 9.25 милиони евра, а четири дена подоцна го продаде на Јувентус за 18 милиони евра.