Дома Фудбал Италија Moже ли тактичкиот италијански фудбал да го „убие“ Паоло Дибала?

Moже ли тактичкиот италијански фудбал да го „убие“ Паоло Дибала?

Паоло Дибала игра одлично, но се добива впечаток дека и покрај тоа не го почитуваат и цената онолку колку што заслужува.

За таквата ситуација медиумите во Италија сметаат дека најголем виновник е Масимилијано Алегри кој често го остава Дибала на клупата за резерви или рано го менува во второто полувреме. Иако Аргентинецот постигна 21 гол на 29 натпревари во Серија А, само на 23 беше старатер, а девет пати беше заменет. Значи, само 14 пати одиграл цел натпревар, вкупно 2.058 минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дибала без конкуренција е најталентираниот играч на Јувентус и со еден потег може да реши натпревар, но Алегри често пати знае да игра со калкулирање и тактички фудбал. Поради тоа и Аргентинецот изгледа како изгубен кога Алегри тактички ќе ја оптерети екипата како што беше случај во дербито против Наполи.

Во одбрана на Дибала застана човекот кој го доведе во Италија – Маурицио Зампарини. Сопственикот на Палермо го лансираше Дибала на Сицилија, а потоа го продаде на Јувентус.

„Кога започна првиот талас на критики на негова смета го советував да замине во Шпанија. Секогаш зборував дека тој е новиот Меси и понатаму го тврдам истото. Тој е редок талент и еден оние кои се доближија до нивото на Меси“, изјави Зампарини.

Критичарите сметаат дека споредбите со Меси лошо влијаат на Дибала…

„Проблемот не е во споредбите, туку во италијанскиот фудбал. За да го направи следниот чекор во кариерата Дибала мора да замине некаде каде што се игра вистински фудбал. Во Серија А тактиката е приоритет во однос на фудбалот. Вистинскиот Дибала ќе го видиме кога ќе заигра за Реал или Барселона“, заврши контроверзниот Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…