Дома Фудбал Останато Moже ли Конте да се врати во Јувентус? Еве што одговори италијанскиот стратег

Moже ли Конте да се врати во Јувентус? Еве што одговори италијанскиот стратег

Eкипата на Јувентус сезонава влезе со шампионски амбиции, меѓутоа резултатите на почетокот од сезоната се далеку од она што се очекуваше.

После седум одиграни натпревари Јувентус е на осмото место на табелата со 10 освоени бодови и веќе заостанување од лидерот Наполи од седум бодови. Сето тоа е причина се повеќе да се пишува заминување на Алегри.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од тренерите со кои се поврзува Јувентус е Антонио Конте. Конте со Јувентус освои пет трофеи, а во овој момент го води Тотенхем и не му оди лошо, на стартот од сезоната „петлите“ имаат пет победи и две нерешени средби.

Новинарите го запрашаа да ги коментира гласините кои го поврзуваат со Јувентус.

„Тоа е неверојатно. Во овој момент тоа е непочитување кон тренерот на Јувентус и кон мене како тренер на Тотенхем. Само што ја започнавме сезоната. Среќен сум и задоволен тука. Уживам во Тотенхем имам одличен однос со сопственикот на клубот.

Не гледам проблем во овој момент, ниту пак во блиска иднина. Затоа не сум заинтересиран да зборувам повеќе за такви приказни“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…