Фудбалскиот клуб Торино објави денес дека цела екипа ќе оди во самоизолација откако еден нивни член бил позитивен на коронавирус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Протоколот наложува целиот тим да биде во карантин во наредните денови додека не се направат тестови и не се провери дали има уште некој заразен.
Торино во саботата играше натпревар и изгуби од Фиорентина во првото коло од Серија А.
Наредниот натпревар Торино треба да го игра во сабота против Аталанта, но тој сега е доведен во прашање.
Ќе потсетиме еден член на стручниот штаб на Торино беше позитивен на 9. септември поради тоа клубот мораше да ги откаже припремите за новата сезона.