Во Милан кон крајот на 2023 година сериозно размислуваа за тренерска смена, „столчето“ на Стефано Пиоли сериозно се тресеше.
Милан во тој период беше во криза, па тоа ги натера челниците да размислуваат за нови решенија и промени. Изгледаше дека во Милан на крајот од сезоната сигурно ќе има тренерска смена. Како најголем фаворит се споменуваше Антонио Конте, Златан Ибрахимовиќ беше тој кој што сакаше да го види Конте на клупата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, сега изгледа доаѓа до пресврт во ситуацијата. Во Милан ја разгледуваат опцијата да го задржат Пиоли и му нудат нов договор. Една од причините е недостигот на квалитетни, слободни опции на пазарот.
Сепак, дефинитивно се ќе биде познато на крајот од сезоната во која нов шампион ќе биде Интер кој може да го потврди Скудетото на 22-ри април.
Одлучувачки за Пиоли би можел да биде настапот во Лигата на Европа каде што во четвртфиналето го чека двомеч со Рома, а потоа ако бидат поуспешни „росонерите“ ќе се соочат со победникот од средбата Баер Леверкузен – Вест Хем.