Лионел Меси вчера беше прогласен за најдобар фудбалер во светот во изборот на ФИФА.
Во тесна трка Меси го победи Ерлинг Халанд кој освои еднаков број на бодови како и Меси. Победикот го одлучија гласовите на капитените, а Аргентинецот доби повеќе.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Помеѓу одлучувачките гласови беше и оној на Лука Модриќ кој поради тоа се најде на удар на навивачите на Реал Мадрид.
Модриќ покрај Меси гласаше уште за Родри од Манчестер Сити и сонародникот Марсело Брозовиќ, нив двајца ги смести на втората и третата позиција зад Аргентинецот.
Својот глас Модриќ го даде како капитен на Хрватска, а исто така за Меси гласал и Федерико Валверде кој е капитен на Урургвај. Двајцата се жестоко критикувани од навивачите. Дел од фановите бараат дури и Модриќ да го напушти клубот.