Дома Фудбал Многумина ќе бидат изненадени: Стигна првата и единствена официјална понуда за Тер Штеген

Многумина ќе бидат изненадени: Стигна првата и единствена официјална понуда за Тер Штеген

Марк-Андре тер Штеген сака да остане прв избор на голот на Германија, која ќе игра на Светското првенство, а за да го направи тоа, ќе мора во јануари да ја напушти Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Одличниот голман во еден момент ја изгуби и капитенската лента, но ситуацијата делумно се смири, но тој сака да си замине бидејќи нема намера да биде резерва.

Иако не е задоволен со статусот во каталонскиот клуб, Германецот не сака да ги прости долговите и планира да го заврши договорот кој го има до крајот, односно до летото 2028 година.

Поради високите примања, Барселона би сакала да го продаде, но сепак е поверојатно дека ќе го даде на заем, барем до крајот на сезоната. Очекувано е во јануари да ја напушти Каталонија, а на повидок е и првата можност и многу неочекувана опција.

За сега само турскиот Бешикташ испратил понуда за Тер Штеген. Турските медиуми пишуваат дека истанбулскиот клуб е подготвен да го покрие остатокот од платата на Тер Штеген за оваа сезона, што изнесува околу седум милиони евра годишно.

Со доаѓањето на Хоан Гарсиjа од Еспањол, Тер Штеген ја изгуби „единицата”, а дури и сега кога е повреден 24-годишниот Шпанец, Ханси Флик наместо својот сонародник, повеќе го избира Полјакот Војчех Шчесни, па на Тер Штеген не му останува ништо друго освен да бара спас во друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

СЕЛЕКТОРОТ ЈА ШОКИРАШЕ ЈАВНОСТА: Ниту еден фудбалер од Реал Мадрид на списокот за СП!

Последен пат вака нешто се случи во 2021 година кога селектор беше Луис Енрике. Зошто проб…