Дома Фудбал Млад фудбалер имаше неверојатна среќа: Постигна гол па заврши во канал длабок три метри (Видео)

Млад фудбалер имаше неверојатна среќа: Постигна гол па заврши во канал длабок три метри (Видео)

Неверојатна ситуација со многу среќа за младиот индонезиски фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мохамад Мирза Фирјатулах, кој игра за репрезентацијата на Индонезија до 17 години, несекајќи се најде во каналот меѓу теренот и трибините за време на прославата на својот гол против Таџикистан во Купот на независноста.

Во 34-та минута се случи необична сцена. Откако постигна гол, овој млад фудбалер прескокна рекламна тараба кон јужната трибина, сакајќи да прослави со навивачите. Но, за жал, откако ја прескокна оградата, падна во канал длабок околу три метри.

За среќа не претрпе сериозни повреди. Продолжи да игра на натпреварот, но во второто полувреме беше заменет. Селекторот на Индонезија изјави дека здравствената состојба на играчот не е повод за загриженост.

Средбата заврши со резултат 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо се изнервира по прашање за Меси и си замина (Видео)

Фудбалерите на репрезентацијата на Португалија вчера го совладаа Узбекистан со резултат 5:…