Дома Фудбал Милинковиќ-Савиќ се враќа во Серија А

Милинковиќ-Савиќ се враќа во Серија А

Милинковиќ-Савиќ пред две години беше еден од најбараните играчи за врска во Европа, но тој реши кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Милинковиќ-Савиќ, сепак, по две сезони поминати во С. Арабија сака да се врати во Европа и да заигра во Серија А каде што претходно го носеше дресот на Лацио.

Италијанските медиуми пишуваат дека српскиот интернационалец во јуни ќе потпише договор со Милан, кој го посакуваше уште во минатото лето.

Србинот не е задоволен од животот во Арабија, па е спремен да прифати помала плата за да се врати во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…