Дома Фудбал Милан ја одби понудата од Манчестер Сити: Тоа не е доволно!

Милан ја одби понудата од Манчестер Сити: Тоа не е доволно!

Се наближува крајот на сезоната во европските натпреварувања, со што и летниот трансфер период започнува. Шпекулациите околу трансферите се интензивираат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа сезона Манчестер Сити не ги исполни своите стандарди и во летниот период трансфер пазарот ќе биде нивната главна цел.

Ливерпул веќе одамна ја освои Премиер лигата, а Манчестер Сити беа елиминирани од Лигата на шампионите уште во 1/16 финале од Реал Мадрид.

Вчера го загубија и финалето на ФА Купот во меч во кој беа големи фаворити, но Кристал Палас ги победи и на тој начин создаде историја.

Пеп Гвардиола и неговиот тим ќе треба да го зајакнат составот на играчи за да се вратат на нивото кое од нив се очекува.

Се зборува за специфични играчки засилувања, а според англиските медиуми, Тијани Рејндерс е високо на листата на желби на Граѓаните.

Според пишувањата на “TEAMtalk”, Манчестер Сити веќе испратил понуда до Милан од 50 милиони фунти, која Италијанците ја одбиле.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер договори засилување, ќе плати 50 милиони евра за репрезентативец на Италија!

Интер веќе ги усогласи личните услови со 21-годишниот фудбалер. Како ПАМЕТНО да типувате н…