Дома Фудбал Милан испрати нова понуда за најдобриот играч во Белгија

Милан испрати нова понуда за најдобриот играч во Белгија

Од Милан испратиле нова понуда за играчот од средината на терен на Бриж Ардон Јашари, кој беше избран за најдобар играч во белгиското првенство за минатата сезона, соопштуваат Џанлука Ди Марцио и “Газета дело спорт”.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што е познато, првите две понуди на “росонерите” за 22-годишниот полуиграч беа неуспешни, при што втората во износ од 27 милиони евра плус бонуси беше одбиена од Бриж. Според Ди Марцио, најновата понуда е за сигурна сума од 30 милиони евра, а според “Газета” кон неа повторно се додадени бонуси.

Од весникот, сепак, уточнуваат дека поставената цена од белгискиот клуб изнесува 35+3 милиони евра. Од друга страна, швајцарскиот репрезентативец веќе се договорил со Милан за неговите лични услови и инсистира пред сегашниот негов клуб да се реализира овој трансфер.

Минатата сезона Јашари одигра вкупно 52 натпревари за Бриж, на кои постигна 4 гола и 6 асистенции, освојувајќи ја Купот на Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…