Дома Фудбал Милан и Интер сакаат стопер од 40 милиони евра!

Милан и Интер сакаат стопер од 40 милиони евра!

На Милан и Интер очигледно им е потребен стопер, па челниците на двата клуба го имаат за приоритет доведувањето на доверлив дефанзивец.

Нивниот избор е Џовани Леони, млад стопер на Парма кој има само 18 години.

Парма не сака да го пушти својот бисер за помалку од 40 милиони евра, а се чини дека гигантите од модниот град се подготвени да ги исполнат нејзините барања.

За момчето кое е високо 196 см заинтересиран е и Ливерпул, а прашање е сега во кој клуб до крајот на трансферниот период ќе заврши. Борбата за неговиот потпис допрва започнува. Леони има договор со Парма до летото 2029 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дармијан потпиша за Болоња по заминувањето од Интер

Матео Дармијан официјално се приклучи на Болоња по неговото заминување од Интер, потпишува…