Дома Фудбал Милан продаде стопер за 40 милиони и веднаш купи соодветна замена!

Милан продаде стопер за 40 милиони и веднаш купи соодветна замена!

Игли Таре, директорот на Милан успеа да го продаде стоперот за 40 милиони евра и да купи соодветна замена за половина од таа сума.

Малик Тиао заминува во Њукасл за 40 милиони евра, додека на Сан Сиро доаѓа Кони де Винтер за половина од таа сума, иако неговата пазарна вредност е 22 милиони евра.

Тој досега играше за Џенова, има 23 години и е репрезентативец на Белгија.

Таре моментално е на Островот каде што се обидува да го убеди Хојлунд да премине од Манчестер јунајтед во Милан. Хојлунд на Олд Трафорд пристигна од Бергамо, односно Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас предупредува пред Торино: Комо без право на опуштање и без Кин

Комо го чека четврти натпревар за десет дена, а Фабрегас има и кадровски проблеми пред гос…