Дома Трансфер зона Милан го брка Лука Јовиќ, но никој не го сака

Милан го брка Лука Јовиќ, но никој не го сака

Лука Јовиќ минатото лето го продолжи договорот со Милан, но воопшто не игра па клубот сака да се ослободи од него.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Милан покрај Мората во последните денови од трансфер пазарот го донесе и Абрахам од Рома, па Јовиќ моментално е трет избор во нападот.

Новиот тренер Консеисао му порачал дека нема да смета на него и слободно да си бара нов клуб.

Милан е подготвен да го пушти без обештетување за да заштеди на неговата плата, но се уште нема заинтересирани клубови.

Јовиќ беше хит напаѓач во 2019 година, кога од Ајнтрахт Франкфурт се пресели во Реал Мадрид за 63 милиони евра, а од тогаш неговата кариера оди во надолна линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…