Дома Фудбал Милан бара нова „деветка“ – Влаховиќ, Нуњез или Ретеги

Милан бара нова „деветка“ – Влаховиќ, Нуњез или Ретеги

Тренерот на Милан Масимилијано Алегри сака нов напаѓач, а во игра се моментално три имиња, и тоа Душан Влаховиќ, Матео Ретеги и Дарвин Нуњез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми денес пишуваат дека Милан е сериозен во својата намера да се засили во сите линии на тимот, а најтешко ќе биде да ја изберат вистинската „деветка“.

Лука Јовиќ е на излезните врати на „Сан Сиро“, бројот 9 повторно ќе биде слободен, а конкуренцијата е силна.

Кај Влаховиќ проблем е неговата огромна плата, Милан ни лудило не може да му понуди 10 милиони колку што има во Јувентус, додека кај Дарвин проблем е што Ливерпул бара премногу – 70 милиони евра, што Милан исто така не е спремен да плати.

Ретеги има договор со Аталанта дека може да замине ова лето во случај на вистинска понуда, па тој можеби во овој момент изгледа како најреална опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Мајкл Џордан испрати порака до Гвардиола. Пеп: Немав поим дека знае за мене

ПЕП ГВАРДИОЛА се збогуваше од Манчестер Сити по десет години како водечки тренер на тимот,…